Нова снимка: Боки 13 преговарал со тројца за случајот со Камчев

На Јутуб каналот на италијанскиот весник „ЛаВерита“, утринава се обjави и подолга верзија од снимката случајот „Рекет“, во која се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев.

Во разговорот Боки Јовановски му вели на Орце Камчев дека постојат три лица со кои преговара и тие треба да бидат соодветно истретирани.

„Доколку продолжи СЈО да го работи предметот, прва постапка ќе биде укинување на мерката притвор, по основи кои ќе ви ги кажам. Подоцна со некакви компании што он ги има со странски компаниисле ќе биде вратен пасошот“, вели Јовановски.

Во снимката  Камчев му вели на Бојан Јовановски:

Чифлигнаец ми се јави и ми бараше за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации. Тој објаснува дека тоа се случило пред тој да влезе во „игра“ со Боки 13 и Катица Јанева.

 

Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае…

https://www.youtube.com/watch?v=8Kg7DcyD9Zc