
Линдзи Лохан уште еднаш докажа дека ги крши сите можни правила. Таа вчера беше забележана од папараците како се бања во морето и тоа само во бела долна облека.
Очигледно популарната Лохан, која во моментов е на одмор во Миконос, Грција заборавила да понесе костим за капење.
Иако не носеше вообичаена облека за на плажа, Линдзи не дозволи тоа да ја спречи да се забавува и да си помине колку е можно поубаво на плажа.