![plivanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/plivanje1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Нивниот тренер, Боро Блажевски вели дека планираните подготовки целосно биле реализирани.
Во овој период Блажевски и Богдановски настапија на Арена Про Свим во Меса (Аризона) и во Шарлот (Северна Каролина). Финансиските трошоци за овој натпревар во целост ги покри Македонскиот Олимписки Комитет. Двајцата пливачи имаа и добри подготовки, и тоа Блажевски беше во Насау Бахами, а Богдановски во Колорадо Спрингс. Настапите и подготовките во овој период за двајцата беа многу успешни – па беа исполнети норми за настап на Светското првенство во Казан. Веднаш по СП Блажевски и Богдановски ќе настапат и на Светскиот куп во Москва на 11 и 12 август. Можам слободно да кажам дека благодарение на огромната поддршка и големото разбирање на МОК кој досега во целост ги покри во целост сите финансиски трошоци за двајцата пливачи, нивната планирана програма во целост се исполни, рече Блажевски