Јовановски: Кога зборуваа за воздух не кажуваа дека ќе има казни за сиромашните!

Нивните поенти за изборите беа воздухот и животот, небаре со кофи ќе го донесат.  Кога зборуваа за воздух не кажуваа дека ќе има казни за сиромашните, дека нема да дозволат да се греат на дрва. Сега ни кажуваат дека тоа ќе го решаваат со казни, со забрана на коли, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски во вечерашното издание на „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Јовановски во врска со обвинувањата кој е виновен за загадениот воздух, истакна дека за време на ВМРО-ДПМНЕ, имаше обвинувања дека Коце Трајановски беше “виновен за смртта на луѓето“, и во тој контекст запраша „сега кој е крив“.

Погледнете ја целата дебата: