![vasilis levandis](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/vasilis-levandis.jpg?resize=640%2C356&ssl=1)
Да смени тактика и да почне од нула, а не од сложено име, затоа што „Македонија не припаѓа ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис, ниту на Левендис, туку Македонија е Грција“, биле препораките до грчкиот премеир Алексис Ципрас од лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис.
Тој по средбата со грчкиот премиер, говорејќи пред новинарите, открил дека името што се споменува како можно решени и во амбасадите, но и секаде е „Нова Македонија“, јавува дописникот на МИА од Атина.
„Побарав од Ципрас, да смениме тактика, да ги почнеме преговорите од нула и тогаш целиот народ ќе биде со него, доколку почне од нула“, рекол Василис Левендис и објаснил дека грчкиот премиер му кажал дека во 2008-та тогашниот претседател на грчката влада Костас Караманлис се согласил за името „Македонија – Скопје“.
„Ако започнеме од нула ќе има поддршка од цела Грција, почнувајќи од мене како Левендис. Но, ако почнува со тоа се изморивме не можеме повеќе, треба да се реши прашањето и слично, да го даде името Нова Македонија, јас ќе бидам против. Затоа што Македонија не е ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис, ниту на Левендис. Македонија е самата Грција и нема простор за отстапки“, порачал лидерот на малата партија Соjуз на централисти, партија која на последните избори во Грција првпат влезе во парламентот.