Заев сака да нé обезличи, да бидеме преименувана држава без носечки народ

При гостувањето во вечерашната емисија „Само вистина“ Оливер Андонов се произнесе со свои ставови околу договорот и референдумот.

Заев сака да не обезличи, да бидеме аморфна маса, да бидеме преименувана држава без носечки народ , без носечка култура, без носечки јазик, без ништо, нагласи Андонов.

Потенцираше дека можеше да излезе власта и да каже го нудиме на референдум договорот. Па кога ќе го прифатија граѓаните договорот тогаш да кажеше договорот е прифатен сега одиме понатаму.

Историски ако наназад се вратиме под окупација сме биле, сме биле тепани, сме биле денационализирани, сме биле под геноцид па нашите стари не го изгубиле идентитетот. А, сега сами ќе се откажеме од него, поради договорот кој е потпишан во Преспа, рече Андонов.