Мицкоски: Со договорот со Грција одземено е достоинството, нарушен е идентитетот

Во емисијата „Клан Дебата“, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој зборувајќи за договорот со кој беше променето уставното име на земјата, истакна дека со самиот договор со Грција се наруши достоинството на Република Македонија.

Нема никогаш да си дозволам како егзибеционист и себичен политичар да ветувам едно, да се колнам во дедовината, во татковината итн. А, првиот момент кога ќе ми се укаже можност ќе го променам мојот став заради лична корист и заради личен материјален бенефит, појасни Мицкоски.

Додаде дека тогаш и сега вели дека штетата е направена и таа штета денеска е срамна.

Уништено е достоинството на Македонија, македонскиот народ и македонската нација. За да се вратиме ние чекор назад нас ни требаат две третини во парламент и ни треба бандатерово мнозинство. Ние не можеме да ветуваме нешто да ги креваме очекувањата кај граѓаните дека ќе направиме само за да добиеме власт и потоа да уживаме во привилегиите од таа власт, а ништо да не направиме од тоа што сме го ветувале, посочи Мицкоски.