Волјата на граѓаните е јасно изразена на минатонеделниот референдум за промена на името на земјата, и доколку немаше полнење на кутиите процентот на излезност немаше да надмите 25 отсто, рече во петокот вечерта во текот на гостувањето на телевизијата Алфа, пратеничкта од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Невена Стаменковска.
Партијата, како што посочи Стаменковска, во ниту еден момент не се одрекла оти за секоја една работа што ќе ја направи ќе се консутлира граѓаните. Додаде, исто така, дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема зборувано за промена на уставното име со цел промена на Уставот.
„На овој референдум, процентот ако беше реален без присила и полнење на кутиите тој би бил помал. ОБСЕ и ОДХИР ги прават нивните извештаи само на оние места каде што беше мирно и гласањето течеше како што треба. Овој референдум, ВМРО-ДПМНЕ ќе го признаеше доколку на денот на референдумот излегоа 50 проценти плус еден граѓанин. Волјата на граѓаните на Република Македонија е јасна. Процентот на референдумот, ако немаше полнење на кутиите и со сила да се тераат да гласаат, немаше да биде поголем од 25 отсто“, рече Стаменковска.
Во однос на референдумот и неговата успешност, таа посочи дека дури и Државната изборна комисија објавил дека тој не е успешен.
„Овој референдум е само за промена на уставното име на Р. Македонија. Дури и ДИК поврди и го има кај нејзе на официјалниот сајт дека овој референдум е неуспешен. Денеска изјавата на (претседателот на Европската комисија Жан-Клод) Јункер, како што и кажа и (словенчкиот претседател Борут) Пахор дека ЕУ е затворена до 2025 година. И да го смениме името, Македонија пред тој датум нема да влеземе во ЕУ“, кажа Стаменковска.
Уште еднаш ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да се гласа за промена на Уставот и на уставното име.
Во однос на делот на ткн Пржинската влада, Стаменковска посочи дека има закон за влада и тој е објавен во службен весник кој што вели дека во случај на избори треба да има оставки на министрите за труд и социјална политика и МВР и секаде каде што е тоа предвидено со тој закон и тоа 100 дена пред тие да одржат. Таа притоа посочи дека, ВМРО-ДПМНЕ не бара ништо што не е предвидено со закон.