Вечерва пред зградата на Владата во Скопје се одржува големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката на претседателските избори која ја поддржа опоициската партија, Гордана Силјановска Давкова, а од фотографиите во медиумите и на социјалните мрежи се гледа дека собирот мобилизирал голем дел од граѓаните.
„Народот се сплоти, река луѓе дојдоа да ги слушнат пораките кои ќе ги испратат партискиот лидер Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова“, пишува портакот Курир кој носи и фоторгафии од настанот.
Народот се сплоти, река луѓе дојдоа да ги слушнат пораките кои ќе ги испратат партискиот лидер Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Улците пред македонската Влада се преполни. Огромниот број на македонски граѓани вее македонски знамиња и пее македонски песни.
ФОТО: Курир.мк