Ирански ајатолах: Американската флота може да биде уништена со една ракета

Иранската Револуционерна гарда во петокот порача дека нема да преговата со САД околу нуклеарната програма на Техеран, а истакнат верски авторитет предупреди дека американската флота може да биде „уништена со една ракета“, додека групата на американски носач на авион се приближува на Персискиот залив.

Гардата на чуварите на исламската револуција (IRGC) ова го истакна во одговор на американскиот претседател Доналд Трамп кој во четвртокот ги повика иранските челници на преговори за откажувањето од нуклеарната програма и рече дека не може да ја искчлучи опцијата за воен судир поради зголемените тензии меѓу двете земји. Тоа вклучува и можни напади врз производството на нафта, особено откако Техеран се закани дека ќе го затвори клучниот Ормускиот теснец низ кој минува третина од светскиот нафтен извоз.

Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ беше испратене на мисија во регионт на Блискиот исток, во четвртокот мина низ Суецкиот канал. Во американската база во Катар пристигнаа и тешките бомбардери „B-52“, објави американската здружена главна команда CENTCOM, според која тоа е одговор на наводните закани од Иран.

Полуслужбената иранската новинска агенција ISNA ја пренесе изјавата на ајатолоахот Табатабаи Неџад за САД рече дека „нивната милијарди долари скапа флота би можела да биде уништена со една ракета“. Ајатолахот Табатабаи Неџад е претставник на иранскиот врховен водач ајаталохот Али Хамнеи во градот Есфахаб. Хамнеи се смета за наклонет на приврзниците на тврдата линија кои се противат на претседателот Хасан Роухани и на неговите умерени политички сојузници

Истовремено, американските комерцијални бродови вклучително и танкери со нафта, кои пловат преку клучните блискоисточни поморска патишта, би можело да станат цел на Иран, предупреди американската агенција за поморство MARAD. Оваа агенција во четвртокот предупреди дека од почетокот на мај постои поголема можност дека Иран и неговиот регионални сојузници ќе дејстввуаат против САД и неговите интереси во регионот.