Екипата на Работнички одигра моќно кога најмногу требаше и со двете победи во низа повторно на четвртата позиција на табелата во Првата лига. Тоа може да го одведе клубот и во Европа, доколку Академија Пандев утре го освои Купот на Македонија.
Младиот Кристијан Ацковски на дуелот со Беласица на најдобар можен начин ја искористи пружената шанса. Одигра одлично и во Струмица и беше стрелец на победничкиот погодок.
„Најважно е што Работнички повторно е на позицијата која може да донесе излез во Европа. Одигравме квалитетен меч во Струмица, заслужено ја совладавме Беласица и среќен сум што бев стрелец на победничкиот гол. На Работнички местото му е во Европа и се надевам дека ќе успееме да ја исполниме целта. Во последното коло нè очекува уште еден извонредно значаен дуел со Шкупи“, вели Кристијан Ацковски.
Дуелот меѓу Работнички и Шкупи на програмата е овој викенд со почеток од 16:30 часот