Жителите на улицата „Киро Фетак“ во Куманово, претежно со албанско население, во четврток ќе протестираат пред општината затоа што, како што велат, веќе две недели се соочуваат со недостиг од вода
Жителите се лути што во XXI век се соочуваат со недостиг на овој елементарен услов за животот.
-Водоводните цевки во нашето соседство датираат од 1968 година. Поминаа повеќе од 50 години а цевките сеуште се исти. Секојдневно има дефекти, прекини. Сеуште не се исполнети ветувањата дадени пред две години, вели еден револтиран жител. Протестот ќе започне во 12 часот, а жителите велат дека ќе протестираат сè додека не се надмине проблемот со кој се соочуваат.