ЕП ракомет: Норвешка подобра во скандинавското дерби, Унгарија минимално против Словенија

Ракометарите на Норвешка направија во неделата уште еден чекор кон пласманот во четвртфиналето од Европското првенство, откако во средбата од второто коло на Групата 2 во Малме ја совладаа домашната Шведска со 23:20.

Норвешка до победата ја водеше Сандер Сагосен со осум голови, а го следеа Петер Оверби и Магнус Јоендал со по три погодока, додека Торбјорн Ситруп Бергеруд имаше 12 одбрани. Кај Швеѓаните најефикасни беа Лукас Пелас со пет и Џери Толбринг со три гола.

Норвешка по три кола има максимални шест бодови, но сѐ уште математички не го осигура пласманот во полуфиналето, додека Шведска со овој пораз е без шанси за борба за медалите, зашто во моментов е последна во групата без бодови.

Во првиот дуел од колото Исланд ја порази Португалија со 28:25. Јанус Дади Смарасон со осум голови беше најзаслужен за победата на Исланд, додека Мигуел Нартинс и Антонио Ариеа ја предводеа Португалија со по четири погодоци.

Ова беше првиот пораз на најпријатното изненадување на првенството Португалија во втората фаза, со што остана со двата пренесени бода од првата етапа и е на четвртото место на табелата во Групата 2, а Исланд е веднаш зад неа исто така со два бода.

Во вториот меч во неделата Унгарија успеа да ја совлада Словенија со 29:28. Унгарците дојдоа до многу важна победа во мечот во кој Словенците речиси постојано водеа сѐ до 40 минута, кога противникот со серија 4:0 дојдоа до предноста која не ја испуштаа до крајот. Решавачкиот гол го постигна Патрик Лигетвари на минута и 15 секунди пред крајот за 29:27.

Банхиди со пет и Лигертвари со четири погодоци беа најдобрите стерлци кај Унгарија, додека Доленц со 8 голови ја предводеше Словенија, а најдобриот словенечки ракометар Деан Бомбач влезе во игра во последниот дел од дуелот.

Словенија остана на втората позиција со четири бодови, но сега со истр број бодови ѝ се приклучи Унгарија.

Во третото коло, кое се игра на 21-ви јануари, се среќавааат Португалија – Слованија, Норвешка – Исланд, и Унгарија – Шведска, а последното коло се игра следниот ден со мечевите Португалија 0 Унгарија, Норвешка – Словенија и Исланд – Шведска.