Кикс на Лион, гостинска победа на Марсеј

Во последниот меч од 23-то коло на франциското фудбалско првенство, Марсеј со 2:0 на гостувањето го совлада Сен-Етјен, зацврстувајќи се на второто место на табелата.

Победата на Олимпик Марсеј му ја донесоа погодоците на Димитри Пајет во 7 и Немања Радоњиќ во 85 минута.

Лион во средата на домашен терен против слабиот Амјен одигра 0:0, а Брест со играч помалку успеа да извече реми 1:1 против Бордо.

Гостите од Бордо одлично влегоа во мечот, поведоа во 10 минута со голот на Кореецот Уи-јо Хванг, пред крајот на полувремето во 44 минута Брест не релизираше пенал, а згора на тоа во 69 минута домашните останаа со играч помалку, бидејќи црвен картон доби стоперот Кастељето. Сепак, домашните успеаја да дојдат до израмнувањ, благодарејќи на автоголот на Лорис Бенито во 80 минуѕта.

Последнопласираниот Тулуз дома беше  поразен од Стразбур со 0:1. Стрелец на победоносниот гол за гостите беше Мајед Варис во 75 минута.

На табелата води ПСЖ со 58 бодови, Марсеј е вотр со 46 бодови, додека Рен е трет со 40 бодови.