Српскиот претседтел Александар Вучиќ најави дека веќе од вторник ќе започне попуштањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата од коронавирусот.
Според комерцијалната телеивизја Пинк, од утре полицискиот час ќе биде покус, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат сами да изберат време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.
Вучиќ, исто така, најави и повторно отворање на занаетчиските дуќани, автомобилските сервиси, продавници за техничка стока, за градежен материјал…
Другите продавници ќе бидат отворени од 27-ми април ако имаат помалку од 300 квадратни метри. Сстанува збор за фризерските салони, салите за вежбање, но за нив ќе мора да биде обезбедена посебна заштита.
Српскиот претседател најави и дека работниците во фабриките треба да се спремат за враќање на работа од 4 до 11 мај, бидејќи, како што кажа, почнуваат да работат фабриките во Чешка и Словачка на кои им се потребна стоки од Србија.
Оние коишто имаат начин да држат социјална дистанца меѓу работниците, можат да почнат со дејностите уште од 27-ми април, додаде Вучиќ.