Дневно имаме повеќе заболени од цел Балкан заедно, а слушаме само за избори

Наместо да изнесе предлози за нови мерки за заштита на населението од коронавирусот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зборува само за избори, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Македонија дневно има повеќе заболени отколку цел Балкан заедно, а што прави власта, не слушнавме ниту еден нов протокол, не слушнавме ниту една нова мерка, туку единственото нешто што го слушаме се избори, па избори, истакна Мицкоски.

Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека намесо власта да предложи протоколи и нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, тој само зборува за избори. Мицкоски додаде дека иабори ќе има но дека бескруполозно е сега да се зборува за датум за избори кога секојдневно расте бројот на заболени и на починати од ковид-19.

– Нема поместување од нашата официјална позиција. Континуирано ја анализиравме ситуацијата. Сега работата е прилично алармантна. Апелирам на одговорност до политичарите, да анализираме, да се обидеме да помогнеме и конечно да заврши успешно оваа ситуација. Тогаш може да зборуваме за конкретни датуми за избори. Бескруполозно е сега да зборуваме за датум за избори – рече Мицкоски..