Никола Димитров смета дека судијката Весна Димишкова е жена јунак

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во 2016 година за судиката Весна Димишкова ја нарече жена јунак.

„Пак жена јунак! Ајде ние мажите да си фатиме домашни работи, додека жените ја градат државата!“напиша Димитров пред 4 години.

Весна Димишкова е судијката која, го ослободи Заев за случајот „Поткуп“ во кој поранешниот премиер беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен, додека бил градоначалник на општина Струмица. Димишкова е позната и по тоа што го потпиша налогот на првиот претрес на СЈО и обвинителката Катица Јанева во УБК.

Во дел од аудио-бомбите објавени неодамна на Јутјуб со наслов Васил Димишков 1 и 2, име исто со адвокатот Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, кого бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга како сведоци во случајот „Рекет“, го споемнаа како посредник во барање пари.

Бизнисменот Камчев во суд тврдеше дека Димишков го предупредил дека е под посебни истражни мерки и како што тврдеше Камчев му било побарано 100.000 евра за првата информација. Во една од двете аудио снимки на Јутјуб, двајца соговорници зборуваат за суми од 3 до 9 милиони евра.