Здравствената ситуација на рускиот опозициски активист Алексеј Навални се паправа објави во петокот берлинската клиника во која беше пренесен од болницата во Омск каде беше хоспитализиран и му беше спасен животот откако колабираше на летот од Томск за Москва, а неговите соработници тврдат дека е отруен.
„Дојде до одредени подобрувањ на симптомите предизвикани со голтање на материја од групата инхибитори на холионестераза, која предизвикала труење“, наведува болницата во соопштението и прецизира дека и натаму пациентот е во индуцирана кома и на респиратор.
Меѓутоа, нема информации како споменатата супстанција дошла во организмот на Навални. Исто така, од берлинската клиника „Шарите“ и натаму нема одговор на понудата на лекарите од болницата во Омск да се споредат биоматеријалите на Навални добиени во трите руски лаборатории кои не нашле присуство на споменати отровни супстанции, со оние на трите германски лаборатирии во кои наводно е најдена опасната материја кои сѐ уште не се презентирани во јавноста.
Неговата портпаролка, Кира Јармиш, која го придружувала на летот од Томск и која потврди дека Навални само консумирал црн чај на аеродромската кафетерија пред летот, во твит потврди дека тој „во моментов не е животно загрозен“, поради што всушност и се оствари летот со кој беше пренесен во Берлин од рускиот далечен Сибир. „Сепак, лекарите и натаму се воздржуваат да дадат каква и да е прогноза“, додава.
Болницата повтори засега не може да се каже дали 44-годишниот Навални ќе имаат долготрајни последици од „ова тешко труење“.
Иако берлинската клиника тоа никогаш не го квалификуваше, глобалните западни медиуми без наведување ниеден извор пишуваат дека во понеделникот германските лекари дијагностицирале „траги од хемиско оружје, со нервен отров од групата инхибароти на холинестераза“.
Инхибитори (блокатори) на ензимот холинестераза, за чиишто наводни траги во крвта на рускиот опозициски активист Алексеј Немцов, претходно во понеделникот објави берлинската клиника „Шарите“, не се идентификувани во текот на неговите медицински прегледи во болницата во Омск, изјави во понеделникот вечерта за медиумите шефот на одделот за акутни труења во омската болница, Алескандр Сабаев. Тој им понуди на германските колеги да ги споделат биоматеријалите на Навални за нивно сеопфатно проучување.
Станува збор за супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, која се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенси.