Прв пораз на Рен во француското првенство

Фудбалерите на Рен неочекувано во петокот на свој терен го доживеаја првиот проаз во новата сезона во француското превенство, а во осмото коло беа поразенi од Анже со 1:2.

Рен поведе во 18 минута со голот на Адриен Уну, и се чинеше дека ќе ја продолжи низата успеси. Меѓутоа, гостите изненадија со престврт и дојдоа до четвртата победа сезонава, а стрелци беа Софијан Буфал во 27 и Анжело Фулжени во 57 минута.

Рен со 15 бодови остана моментално на третото место на табелата, а Анже со два бода помалку привремено е на шестата позиција.

Во ова коло во сабота се играат два натпревара во кои се среќаваат Лориен – Марсеј и ПСЖ – Дижон.

В недела ќе е одиграат преостанатите дуели: Ленс – Нант, Бордо – Ним, Брест – Стразбур, Мец- Сен Етјен, Монпелје – Рем, Ница – Лил и Лион – Монако.