Скопје вечерва е шести град во светот по загаденост на воздухот, според официјалните податоци на сајтот „World Air Quality Index”.
Мерните станици за квалитет на воздухот вечерва измерија огромно загадување дури и до осум пати над дозволеното. Највисоките концентрации се забележани во населбата Ѓорче Петров, со 407 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Дозволената грацина за ПМ10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми/м3, додека за ПМ2,5 изнесува 25 микрограми/м3.