15.8 C
Skopje
понеделник, октомври 28, 2024

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Пешак е тешко повреден во четвртокот во Прилеп откако бил соборен од џип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 31.12.2020 во 16.10 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Крушевска“, патничко возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.Н. од Прилеп удрило во неговито врсник и сограѓанин Д.К. од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.