Германскиот производител на автомобили BMW соопшти во средата дека минатата 2019 година забележал пад на продажбата од 8,4 отто поради епидемијата со коронавирусот зашто многу продажни салони ширум светот беа со месеци затворени.
Сепак во последните три месеца побарувачката пораснала за 3,2 отсто во однос на истиот период 2019 година., изјавиле од BMW пренесува Reuters.
„Успеавме да ја заклучиме годината со добра продажба во последните три месеци и повторно да предводиме во сегментот премиум автомобили ширум светот“, рекол членот од управата на компанијата, Питер Нота.
Лани, компанијата со седиште во Минхен, продала вкупно 2.324.809 возила, во Европа продажбата паднала за 15,7 а во САД за 18 отсто.