Здравствените власти во Англија предупредија во неделата дека во земјата е потврдено присуството на новиот сој на коронавирусот кој првпат беше идентификуван кон крајот на минатата година во Бразил, како и дека постои моженост дека тој не рагира доволно добро на сегашните вакцини против вирусот.
Тестирањата се идентификувале првите шест соеви на бразилската варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, потврди во неделата вечерта англиската служба за јавно здравство (Public Health England, PHE).
„Случаите кои предизвикуваат загриженост, првпат индентификувани во Манаус (P.1), регистрирани се во Велика Британија“, се наведува во соопштението.
Во двата случаи регистрирани во Англија, станува збор за лица кои допатувале од Бразил. Третото заразено лице не е поврзано со неодамнешни патувања и се истражува историјатот на неговите контакти. Уште три случаи на бразилскиот сој се регистрирани во Шкотска и не се поврзани со случаи во Англија.
„Важно е да се напомене дека Covid-19 незавосно, од неговата варијанта, се шири на истиот начин. Тоа значи деа мерките за спречување на неговото ширење не се менуваат. Останете дома и дколку е потребно да излезете надвор од важни причини, покријте ги носот и устата, темелно мијте ги рацете и одржувајте го растојанието“, препорачуваат од PHE.
Во јануари случај на зараза со бразилскиот сој веќе беше потврден во Обединетото Кралство, но таа мутација од оваа варијанта тогаш не беше идентификувана како „загрижувачка“.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) е известетна за овие случаи кои се сметаат за „загрижувачки“, бидејќи ги делат клучните мутации со многу заразрниот сој идентификуван во Јужноафриканската Република. Постои исто загриженост дека сегашните вакцини против коронавирусот ќе бидат помалку ефикасни против новиот сој кој потекнува од бразилската сојузна дражава Манас.
Британските власти од 15-ти февруари воведоа задожителен 10-дневен карантин во специјални хотели за патниците кои ќе допатуваат од 33 земји во светот со високо ниво на раширеност на коронавирусот. Меѓу овие земји, исто така, е вброен и Бразил.
Севкупно од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Велика Британија е потврден кај повеќе од 4,1 милиони лица, а вкупниот број смртни исходи достигна 122.849 починати. Од 4-ти јануари во Англија е воведен „локдаун“ на национално ниво, веќе третиот по ред со истрите строги рестриктивни мерки како и претходните. Се очекува, во зависност од развојот на ситуацијата, ограничувањето на социјалните контакти да бидат укинати на 21-ви јуни.