Текстилната индустриjа е пред колапс сметаат експертите. Власта не донесе структурни мерки кои би значале спас на оваа гранка и дополнително со корона кризата текстиланта индустрија се соочува со своите најлоши денови. Голем број на работни места висат на конец а со тоа и основната егзистенција на огоромен број на семејства.
Oколу 6 000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели. Бизнис секторот оваа одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани ја образложија, со тоа дека немаат ниту нови нарачки од странските партнери, ниту пак државна помош во исплата на плати, која е заглавена со Собранието.
Ова состојба според познавачите дополнтелно ја влошува и онака катастрофално лошата состојба во овој сектор. Дополнително доколки не се превземе нешто конкретно ова би значело огромен број на испуштени работници односно луѓе без работа.
Претставникот на штипските текстилни конфекции во Кластерот за текстил, Кирил Нашков во изјава рече дека се надеваат дека работниците ќе се вратат на работа но дека ако продолжи оваа состојба и незаитересираноста на власта за текстилната идустрија и овој сектор тоа нема да се случи и овие луѓе ќе останат без работа.
Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Секако ако остане ваква црна сликата, моја претпоставка е дека дел од вработените воопшто нема да бидат повикани назад на работа. Но, каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме, се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа, вели Нашков.
Според информациите над половина од штипските текстилни работнци се на принуден одмор односно на колективен одмор.од 7.000 текстилни рабтници моментално половина од нив се на колективен одмор. Познавачите сметаат дека власта не превземат навремени мерки за спас на работните места и затоа ова се случува. Дополнително забележан е и тренд на испуштање на работниците во помалите текстилни фирми заради економска оправданост додека има и конфекции кои и целосно се затвораат.
Исто така Дарко Лазаров професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип се согласува дека проблемите во текстилниот сектор се сериозни и дека мора да се превземат мерки односно власта да биде поангажирана во овој дел.
„Во таа насока единствено нешто што може да се направи во овој момент е да се амортизираат, тие штетни ефекти е да се помогне на текстилните компании, особено на работниците и државата во таа насока апелирам да размисли и ја продолжи мерката за субвенционирање на плати во приватниот сектор, особено во најпогодените сектори, а особено во вториот квартал од 2021 година. Со тоа што ќе ја продолжи таа мерка и за месеците април и мај. Ние знаеме дека сега во петтиот пакет единствено се вклучени февруари и март“, вели Лазаров.
Текстилниот сектор оди по надолна линија, заедно со кожарската индустрија. До сега поради корона кризата работните места ги загубија скоро 50.000 граѓани и споед експертите овој број се овеќе ќе се зголемува доколку се продолжи вака лошата состојбата во текстилната индустрија