Москва нема да бара екстрадиција на Руси кои ја избегнуваат мобилизацијата во странство

Руското министерство за одбрана објави во вторникот дека нема да бара екстрадиција на руските државјани кои бегајќи од мобилизацијата за војната во Украина побегнале во странство.

„Руското министерство за одбрана во рамките на делумната мобилизација не испратило, ниту подготвило, ниту ќе бара од властите на Казахстан, Грузија и другите земји присилно да ги вратат руските граѓани“, се наведува во објавата од Москва.

Од 21-ви септември кога беше објавена делумната мобилизација на резервниот состав на руската војска, според западните процени, десетици илјади воено способни мажи заминале од Русија, особено во поранешните советски републики во централна Азија и на Кавказ.

Доколку руски државјанин добие повик за мобилизација и не се пријави во центарот за регрутирање, теоретски може да биде сметен со дезертер и да биде ставен на листата на барани лица во Русија.

Министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахметов, изјави во вторникот дека Астана, според договорите ќе биде принудена да ги предаде Русија кои избегале пред мобилизацијата само доколку тие се листата на барани лица во Русија.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека во вторникот дека ќе им пружи засолниште на Русија кои пребегале во неговата земја за да ја избегнат мобилизацијата во соседната земја.

„Последните денови многу луѓе од Русија доаѓаат кај нас (…) Мораме да се грижиме за нив и да ја осигуриме нивната безбедност. Ова е политичко и хуманитарно прашање… Ќе преговараме со руската страна и ќе го решиме во овој проблем во интерес на нашите земји“, изјавил Токаев според неговиот кабинет.