Не сме глупи друже Лапе!

Имам многу пријатели од обвинителство, а со две дами (со кој го делам лифтот во заедничката зграда) од стариот ков, чии постари чеда се адвокати никогаш не сум доживеал да ги споменат во негативен контекст поврзан со политика.

Изгледа дека нашиот обвинител Љубомир Лапе го нема разбрано правилно  филмот  од 1981 „Дечко који обечава“, со Александар  Берчек во главната улога. Да таму има многу еротика. Посебно кога добриот студент ќе биде удрен со весло по глава и наеднш станува „женкарош“ кој освен своите девојки почнува да ги заведува и нивните мајки. И кога ќе започне со хомоеротика се освестува и вели ги поминав границите. Е сега, нашиот јунак обвинител професионално им го „учука“ на Премиерот Ковачевски и целата загрижена за реформи во судство меѓународна заедница. Како Топ Листа Надреалиста да му се идоли. Се сеќавате на оние легендарни: Мешај Минка, ајмо „Таслачина, Кркачина“ итн. Еве како.

  1. Оди објасни на Македонец дека за еден Албанецц (кој патем ги сака Македонците) ставен на црна листа имаме притвор и обвиненија на 17 Македонци.
  2. И дека ова не е притисок за Тинекс Маркети да станат дел од бизнисот на новите лица, кои се етнички Албанци.
  3. Елизабета Канческа Милевска е дел од обвинетите. Меѓународната заедница давала гаранции. Ахаха.
  4. Кој го води обвинителството за организиран криминал? Другарот Абази. А, он со кого е на слика. Со таткото на Дрин Ахмети, иначе внук на Али Ахмети.
  5. А, Дрин Ахмети е газда на Трговски Центар „Соравија“ и рудник. Каде се сега големите „екологисти“ за рудникот? А, оние аналитичарине што разбираат економија? Ќутат во стилот: Зинуло им је дупе за паре!

Зошто обвинението е политички мотивирано? Многу едноставно. Мислат дека така треба и дека сега му е мајката. Кој и да го смислил е на ниво на политички „ШАПШАЛ“. Само прати како пишуваат Пи-Ар текстови.

Еве дел: „Ревизијата се изјаснила во времето на Андреј Жерновски кој после три круга сепак победи за градоначалник на Општина Центар“. Така да имам препораки на три адреси.

За Премиерот Ковачевски

  • После ваков политички секс народот мисли дека е потрчко на Али Ахмети. Ахмети оком Премиерот скоком. Може слободно да си ја промени девизата од кампањата „Рамо до Рамо“ во: „Задникот ми е под кирија“.

За меѓународната заедница

  • Вашите гаранции се на ниво рамни на нула. Престанете да не’ лажете и да си поигрувате со нашите чувства во насока: „Не ми вреѓај интелегнција“.
  • Сакате да ни помогнете? За проектот „Дигитална Европа“ да ангажирате само кадри од Македонија. Јас волонтерски се вклучувам на темите: Медиумски Бизнис и Слобода на Говор.

За опозицијата

  • Доколку не бидат уапсени сите инволвирани во проектите: Уништување на Трансмет и рекет преку 1ТВ каде има новинари, обвинители, судии, голем дел од раководтвото на СДСМ (најодговорно тврдам дека нема докази за Заев и Шеќеринска) во тој период, како и бизнисмени и останати, тогаш слободно можеме сите да си имаме девиза: „Јажиња сами да си купиме или меѓународната да ни даде“.

Да живее Македонија!

За инает не се предавам и не се продавам за шака жолтици

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес