Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и селекцијата на Англија, Вејн Руни, е назначен за менаџер на Бирмингем Сити, објави во средата англискиот второлигаш.
Поранешниот тренер на ДиСи Јунајтед, Руни, потпиша три иполгодишен договор со Бирмингем, на местото на Џон Јустејс, кој беше отпуштен во понеделникот. Бирмингем Сити е шести во Чемпионшип, со 12 бода помалку од лидерот Лестер Сити.