Лекар од Куба заразен со ебола во Сиера Леоне

Кубански лекар е заразен со вирусот на ебола во Сиера Леоне.

Лекарот Феликс Баес Сариу моментно го лекуваат британски лекари во Африка, но по препорака на СЗО наскоро ќе биде префрлен во специјално одделение во болница во Женева.

Куба досега испрати најмалку 256 медицински работници во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја за да помогнат во лекувањето на заболените од ебола.

Тој потег на властите во Хава наиде на пофалби во целиот свет.

Баес, лекар специјалист по интерна медицина во неделата добил висока температура, а следниот ден му е констратирано инфицирање со вирусот на ебола.