И денес во Лигата на шампионте се играа натпревари од осминафиналето, а на победи се радуваа Борусија Дортмунд и Челси.
Ниту ова не беше вечер со многу возбудувања во најелитното европско натпреварување, па ако вчера видовме вкупно два гола на двата натпревари, денес имаше само еден повеќе. Дербито на вечерта го играа Борусија Дортмунд и Челси, славеа „милионерите“ со минимални 1:0.
Иако имаше прилики и на двете страни, сепак по првите 45 минути не видовме погодок. Треба да се спомене дека најголемата шанса ја имаше Жоао Феликс кој ја погоди пречката од голот на домаќините.
Одлучувачкиот момент се случи во 63. минута кога младиот Адејеми на асистенција на Гуереиро. Се обидуваа „сините“ до крајот, но изостана реализацијата, па Борусија во Лондон ќе патува минимална предност.
Во вториот натпревар вечерва Бенфика со 0:2 на гостински терен беше подобра од Клуб Бриж. Стрелци на головите за португалскиот тим беа Жоао Марио од пенал и Давид Нерес. Во првото полувреме еден гол на Бриж беше поништен поради офсајд.