
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски избра 23 фудбалери за двата последни натпревара од квалификациите за Светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија.
Македонија на 6-ти октомври ќе ѝ гостува на фаворизираната Италија во Торино, а три дена подоцна, на 9-ти октомври против Лихтенштајн ќе биде домаќин во Струмица.
По подолга пауза поради суспензијата од УЕФА заради допинг, во репрезентацијата се враќа Аријан Адеми. Ангеловски на располагање ќе го има и Ферхан Хасани, а во однос на последниот дуел ќе недостасуваат Давид Бабунски и голманот Дејан Илиев.
Повик од селекторот добија:
Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон и Дамјан Шишковски;
Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу;
Среден ред: Стефан Спировски, Езџан Алиоски, Енис Барди, Никола Ѓорѓев, Љупчо Дориев, Бобан Николов, Елиф Елмаз и Аријан Адеми;
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Ферхан Хасани, Александар Трајковски, Иван Тричковски, и Марјан Радески.
Првиот собир е закажан за 28-ми септември во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.