Аквариум во американската сојузна држава Флорида постигна договор со активистите за правата на животните за ослободување на Лолита, кит орка кој повеќе од половина век мина во заточеништво.
Институцијата „Miami Seaquarium“ постигнал „обврзувачка спогодба“ со непрофитната организација „Friends of Lolita“ дека китот кој сѐ до неодамна учествувал во настапите пред публика ќе се врати во океанот во Северозападен Пацифик во рок од две години.
Китот Лолита има 57 години, а била уловена во 1970 година. Ја нарекуваат и Токи, што кратенка од индијанскиот назив за кит – Токитае, известува весникот The Miami Herald.
За китот да се врати во своето природно живеалиште, потребно е и одобрување од американските федерални вести, додава весникот.
Процесот за ослободување на Лолита од акваториумот траеше со години, а беа вклучени и непрофитни организации кои ѝ осигуруваа и грижа од ветеринар.
Претходниот сопственик на аквариумот „Miami Seaquarium“, компанијата „SeaWorld Entertainment Inc“ ги прекина забавните спектакли за посетителите со китови во 2016 година. Но Лолита којашто порано била главната атракција, „во пензија“ отишла во март 2022 година, кога се променила управата.
„Токму желбата да овозможиме подобра иднина за Лолита беше една од причините за преземањето на ‘Miami Seaquarium’, објави Едуардо Албор, извршен директор на компанијата „The Dolphin Co.“
Силна поддршка на кампањата за ослободувањето на Лолита бил и документарниот филм „Blackfish“ од 2013 година, кој се занимаваше токму со китовите орки во заточение.
Овој вид китови-убијци се високо социјализирани цицачи и немаа природни предатори, а може да живеат до 80 години.