Алијансата за Албанците ќе го оспори Законот за амнестија пред Уставен суд

Алијансата за Албанците најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за амнестија.

– Собранието по скратена постапка донесе закон за амнестија. Со Законот ќе бидат амнестирани одредени луѓе директно вмешани во настаните од 27 април. Алијансата за Албанците не беше присутна на гласаањето и го осудува овој чин. Во процедура сме за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон – рече пратеникот Сурија Рашити.

Тој додаде дека Законот за амнестија ќе го оспорат пред Уставниот суд, бидејќи е донесе за една категорија луѓе и за еден настан.