Републиканскиот пратеник во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевон Брејди, кој претходно во декември ја примил првата доза од вакцината против коронавирусот на американскиот производител „Pfizer“, објави дека заболел од Covid-19.
„Синоќа, лекарот на Претставничкиот дом ме извести дека имам позитивен тест на Covid-19, јас сум во карантин. Како што беше препорачано, ја примив својата прва доза од вакцината на Pfizer/BioNTech на 18-ти декември и на денот на Нова година има негативен тест на Covid-19“, напиша Брејди на Twitter, кој доаѓа од сојузната држава Тескас.
Во моментов во САД се користат двата препарата за имунизација против коронаинфекции на домашните компании „Pfizer“ и „Moderna“, врз база на показатели дека дури и намалената доза од вакцинтие може да доведеат до создавање одржлив имунитет. Меѓутоа, овие податоци сѐ уште не се потврдени.
Советникат на администрацијата на актуелниот американски претедател Доналд Трамп за вакцините, Монсеф Слауи претходно изјаи дека властите ја разгледуваат можноста некои лица да да добијат поливина од дозата на вакцината на „Moderna“ за да се забрза кампањата за имунизација на населението кое не се одвива со најавуваното и посакувано темпо. Од друга страна, пак, Агенцијата за храна и лекови (FDA) советуваше да не се намалива дозата на вакцините против Covid-19, и покрај податоците кои се појавија во јавноста.
Tonite the Office of House Physician informed me that I’ve tested positive for Covid 19 & am quarantined.
As recommended, I received a first dose of the Pfizer vaccine Dec 18 & also recently tested negative for Covid on New Years Day.
Begin treatment tomorrow.
Shld be fine.🙏🏼— Rep. Kevin Brady (@RepKevinBrady) January 6, 2021