
Американски новинар хонорарно ангажиран од телевизијата Ен-Би-Си во Либерија е заразен со вирусот Ебола и ќе биде пренесен во САД на лекување, соопшти американската телевизија.
Репортерот бил ангажиран да работи со главниот уредник за медицински прашања и дописник на Ен-Би-Си доктор Нанси Снајдерман.
Се верува дека ова е првиот случај на американски новинар заболен со смртоносниот вирус Ебола, по избувнувањето на епидемијата на болеста во Западна Африка.