
Полицијата спроведува голема антитерористичка акција во Истанбул, насочена против групата „Исламска држава“ и младински структури на Курдската работничка партија (ПКК).
Полицијата е поддржана и воздушно со хеликоптери. Во неа се вклучени претставници на специјалните сили и силите за брзо реагирање.
Оваа антитерористичка акција во Истанбул истовремено е започната во повеќе квартови на градот, меѓу кои во Окмејдан, Султангази, Сариер и други.
Во операцијата учествуваат повеќе од 500 полицајци, а според полициски извори оваа антитерористичка акција во Истанбул се спроведува на повеќе од 100 адреси, за кои се верува дека се поврзани со ИД и курдските бунтовници.
Исламска држава изврши напад во турскиот град Суруч, во кој загинаа 32 лица, а најмалку 100 беа ранети.