Како што веќе знаете, лагите и лажните ветувања на СДСМ, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, излегоа на виделина, и единствената вина за ДУП-от кај хотелот „Холидеј Ин“ паѓа на двацјата, рече во неделата на прес конференција, Димче Арсовски, портпрол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Цели три години СДСМ, Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават“, реле Арсовски.
Оцени дека таквото однесување е карактеристично за влададејачката СДСМ чии локални се фунционери се двајцата спомнати.
„Најпрвин ја префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба. Џабе лажење цели три години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори“, порача Арсовски.
Откако јавноста покажа силно неверување во нивните образложенија, продолжи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, власта презема секакви потези за да ја замајат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите.
„И сега кога видоа дека не можат да излезат од сопствените лаги коишто влегоа, веднаш ги ставаат во функција обвинителство, судство и сите останати дека ќе барале криминал“, додаде Арсовски и оцени дека сепак останува констатацијата дека и покрај таквите обиди граѓаните се уверија во нивните лаги.
„Јасни се намерите и лагите на СДСМ. Купување ситни политички поени, замајување јавност и ништо повеќе. Затоа, овие избори треба да бидат казнети. Доволно ни беа лаги, доволни беа цели четири години тапкање во место заради нив“, заклучи Арсовски.