Фудбалерите на Аталанта се пласираа во полуфиналето од Италиканскиот куп, откако во Бергамо во возбудлив натпревар со 3:2 го совладаа Лацио иако повеќе од половина час играа со играч помалку, додека Јувентус без проблеми со 4:0 мина преку СПАЛ.
Аталаната поведе веќе во 7 минута со погодокот на Берат Џимшити, но веќе во 17 минута Лацио израмни со голот на Ведат Муричи. Римските „Небескосини“, направија резултатски пресврт во 34 минута кога мрежата на домашните ја погоди Франческо Ачерби, но на одмор се замина без водство за некој од противниците откако во 37 минута израмни Руслан Малоновски.
Кога во 53 минута од мечот Аталанта остана без директно исклучениот бек Хозе Луис Паломино се чинеше дека Лацио го има отворен патот во полуфиналето. Но само три минути подоцна, во 57 минута гостинската мрежа ја погоди Алексеј Миранчик, за второ водство на домашните на мечот, кои успеаја да ја задржат предноста до последниот свиреж на судијата кој поради честите прекини за пет минити го продолжи мечот.
Аталанта во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Наполи и второлигашот Специја, кој се игра во четврток.
Јувентис со головите на Алаваро Мората од пенал во 16, Џанлука Фработа во 33, Дејан Кулушевски во 78 и Ферерико Киеза во четвртата минута од судиското продолжение на мечот го декласираше СПАЛ.
Јувентус во полифиналето ќе се судри со Интер кој во градското дерби со 2:1 во вторникот го елиминираше Милан.