Австрија преку Македонија на ЕУРО 2020, Белгија ја преслуша Русија

Очекувано ослабената македонска фудбалска селекција не успеа посериозно да ѝ се спротистави на домашната Австрија која со двата рани погодока во двете полувремиња победи со 2:1 и на коло пред крајот го избори пласманот на европското првенство од групата Г.

Селекторот Игор Ангеловски им даде шанса на повеќе млади фудбалери во ситуација кога натпреварот со Австрија немаше никакво резултатско значење. За овој меч изостанаа повредените Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи, Иван Тричковски и Езгјан Алиоски, како и суспендираните Висар Муслиу, Илија Несторовски и Бобан Николов, пред почетокот на натпреварот капитенот Горан Пандев се пожали на висока температура, а по само десетина минути игра се повреди и Александар Трајковски.

Стрелци за Австрија беа Алаба во 7 и Лајнер во 48 минута, додека за Македонија во третата минута од судиското продолжување погоди Стојановски.

Со идентитечен резултат Полска победи на гостувањето кај Израел. Полјаците во сигурно водство ги донесо Кришчовјак во 4 и Пјатек во 64 минута, додека намали Дабур во 88 минута.

Во групата Словенија минимално со автоголот на Тарасовас во 53 минута ја победи Латвија.

Во Групата Г, Полска со 22 и Австрија со 19 бодови обезбеднија пласман, трета е Словенија со 14, а Македонија и Израел кои за три дена ќе играат во Скопје имаат по 11 бодови, додека Латвија е последна без бодови и со гол-разлика 2:28.

Сепак Македонија ќе има шанса да се пласира на Европскиот шампионата преку Лигата на нации и дуелот со Косово.

Германија на „Борусија Парк“ во Менхенгладбах без проблеми ја совладаат Белорусија со головите на Гинтер во 41, Горетцка во 49 и Корс во 55 и 83 минута. Холанѓаните, пак, одиграа без голови во Белфаст со што ја задржаа предноста од три бода пред Северна Ирска, која не релизираше пенал во 32 минута, иако во текот на мечот не упатија ниеден удар во рамките на противничкиот гол. Ирците ќе мора пласманот да го бара преку дополнителните квалификации.

Во оваа Група Ц, Германија има 18 а второпласираната Холандија има 16 бодови, Северна Ирска остана на 13, а Белорусија и Естонија се на дното со 4 односно еден бод.

Во Групата Е, Хрватска со пресврт со 3:1 ја совлада Словачка и го обезбеди првото место во групата. Гостите поведоа со голот на Боженик во 32 минута, а Влашиќ во 56, Петковиќ во 60 и Перишиќ во 74 минута не дозволика изненадвуање.

Велс со головите на Мур во 10 и Вилсон во 34 минута дојде до трите бода на гостувањето кај Азербејџан, а пласманот на континенталниот шампион ќе го бара во директниот судар со Унгарија на свој терен.

Во Групата Е лидер е Хрватска со 17 бодови, втора е Унгарија со 12, а Велс е трет со 11 бодови. Шанси за второто место има и Словачка која има 10 бодови а за три дена го пречекува Азербејџан кој има само еден бод, па ќе ѝ одговара висока победа со реми во Велс со малку погодоци.

Во Групата И победи остварија трите гостински селекции. Белгија со 4:1 славеше над Русија, со головите на браќата Азар во 19, 33 и 40 минута, на кои им се придодаде Лукаку во 72 минута, а домашните почесниот погодок го постигнаа во 79 минута преку Џакија.

Шкотска, исто така, на гости со 2:1 го победи Кипар. За домашните стрелец беше Ефрем во 47 минута, а за гостите погодија Кристи во 12 и Мекгин во 53 минута.

Казахстан славеше со погодоците на Зинутдинов во 6, Сијумбаев во 23 и Шеткин во 27 минута, а за домашните погоди Берарди во 77 минута.

Од Групата И, Белгија со 27 и Русија со 21 бод одамна се квалификувани, затоа што Шкотска заостанува со 12, а четвртиот Кипар и петтиот Казахстан имаат по 10 бодови, додека Сан Марино со гол-разлика 1:46 е без бодови.