Австрија, којашто од 1-ви јули го презема ротирачкото претседателството со Европската унија, го стави прашањето на миграциите како прв приоритет, а притоа тежиштето го става на надворешната димензија на овој проблем, односно заштита на надворешните граници на Унијата.
Австриските функционери во разговорот со групата дописници од Брисел, поканети во Виена по повод преземањето на ротирачкото претседателство од Бугарија, истакнуваа дека поголемите контроли и запирањето на илегалните имигранти на надворешните граници на Европската унија би дале поинаква слика и би го олеснило решавањето на вториот аспект на миграциите, односно движењето на барателите на азил во рамките на ЕУ, ткн секундарна имиграција, кога имигрантот по влегувањето на територијата на ЕУ заминува кон неговата посакувана дестинација, најчесто Германија и Шведска.
„Мораме во прв ред да ги контролираме надворешните влезни порти во нашата зграда, а дури потоа да разговараме за распоредување на луѓето по собите во нашата куќа“, вели еден австриски функционер, пренесува дописникот на хрватската новинска агенција Hina.
Меѓутоа, како и претходно, останува нејасно е што ќе се смета за надворешни граници на ЕУ, бидејќи честопати од изјавите на функционерите на Унијата и земјите членки може да се разбере дека под тоа всушност се мисли на надворешните граници само на Шенгенскиот простор.
Прашањето на ткн секундарна имиграција, односно движењето на барателите на азил во земјите членки на ЕУ, предизвика голема криза во односите на владејачката германска Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел и деценискиот коалициски партнер сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU).
По неколку седмици голема напнатост во унијата CDU/CSU постигнаа во понеделникот ноќта компромис за бегласката политикаи со тоа ја завршија кризата којашто се закануваше со распад на партиската унија и последични и на кревката германска влада, а тоа бездруго ќе повлечеше и пад на канцеларката Меркел која на оваа должност е веќе повеќе од дванаесет години. Договорот со кој се предвидено воспоставување транзитни кампови за имигрантите на грманско-австриската граница, треба уште да го одобри третиот коалицискиот партнер, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), но се бара и поддршка од другите членки на ЕУ коишто би ги преземале барателите на азил, доколку тие лица првпат биле регистрирани на териториите на тие држави. Компромисот предвидува враќање на имигрантите кои веќе се регистрирани во некоја друга членка во земјата на прво прифаќање или, пак, во соседна Австрија.
Германскиот министер за сообраќај, Норберт Хофер, изјави во средата во Виена на засебна прес-конференција дека Австрија ќе ги затвори своите јужни граници, доколку тоа го стори и Германија на своите јужни граници.
„Не сакаме да станеме земја за прифаќање на имигрантите во коишто тие би биле блокирани, бидејќи не можат никаде натаму“, рече Хофер. Доколку тоа се случи, ќе дојде до домино ефект, а тоа тогаш би значело и суспендирање на Шенгенскиот простор без внатрешните гранични контроли, додаде.
Во четврток во Виена ќе допатува и германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, од CSU кој пред договорот со Ангела Меркел се закани со оставка, а во австриската престолнина ќе разговара за прашањето на имиграцијата со канцеларот Себастијан Курц.