Белата куќа призна во вторникот дека нема да биде остварена целта на претседателот Џо Бајден дека до националниот празник Денот на независноста на 4-ти јули барем со една доза ќе бидат вакцинирани 70 отсто од возрасната популација во САД.
Во својата предизборна кампања критикувајќи го приодот на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, Џо Бајден ја посочи кампањата за вакцинирање во приоритетите на својот мандат.
„Ќе бидат потребни повеќе седмици 70 отсто од населението да биде вакцинирано барем со една доза“ од вакцината против коронавирусот, призна Џеф Зиентс, шефот на тимот на Белата куќа задолќен за одговор на пандемијата на Covid-19.
Додаде дека, сепак, се очекува дека 70 отсто од возрасните над 27 гоини да примат барем една доза до 4-ти јули. Во моментов, над 45 отсто од населението во САД е целосно вакцинирано, според сојузните податоци.
Втората цел на Бајден на беше 160 милиони Американци да бидат целосно вакцинирани до 4-ти јули и засега е потребно да се вакцинираат уште 10 милиони луѓе за тоа да биде постигнато.
Таа цел би можела да ја остварена кон „средината на јули“, рече Зиентс. Доадек и дека САД се „подготвуваат за историскиот 4-ти јули, со големо славење“, па така илјада луѓе се очекуваат во Белата куќа.
Др Фаучи предупредува
Водечкиот американски експерт за заразни болести, др Ентони Фаучи, предупреди дека „Делта варијантата“, која првпат беше идентификувана во Индија и наречена „индиско сој“ на коронавирусот, е најголемата закана за напорите САД да се искорени Covid-19 од својата територија.
На средбата со новинарите Фаучи истана дека „заразноста на делта варијантата е несомнена поголема“ отколку што беше оригиналната варијанта на коронавирусот.
Но Фаучи, и покрај предупредувањата на индиското министерство за здравство дека „делта плус варијантата“ го намалува дејството на вакцините и дека со неа може да се заразат и лица кои се целосно вакцинирани, тврди дека вакцините одобрени во САД, вклучително и најмногу употребуваната на „ Pfizer/BioNTech“, се ефикасни против новиот сој на коронавирусот.
„Имаме средства, затоа да ги употребиме и да ја сузбиваме епидемијата“, рече Фаучи.