Баерн го прегази Волфсбург, Левандовски го потврди рекордот

Водечкиот тим во германското фудбалско првенство минхенски Баерн во петокот на свој терен во првиот натпревар до 17-то коло со високу 4:0 го совлада Волфсбург потврдувајќи ја есенската титула.

За сигурната победа во последното коло од есенскиот дел на првенството првиот гол за Баварците го постигна Томас Милер во 7 минута во неговиот јубилеен 400-ти меч во Бундеслигата.

Гостите одолеваа до 57 минута кога водството на Баерн го удвои Дајот Упемекано а само две минути подоцна на 3:0 зголеми Лерој Сане.

Во самиот финиш на мечот, во 87 минута меѓу стрелците се впиша и Роберт Левандовски. Со овој погодок Полјакот го постави новиот рекорд, односно за еден погодок го поправи остварувањето од 42 првенствени погодоци во една календарска година, кој во 1972 година го постави легендарниот центарфор на Баерн, Герд Милер. По речиси половина век Левандовски постигна 43 погодоци.

Баерн е прв на табелата со 43 бодови, девет повеќе од вторпласираната Борусија од Дортмунд со меч помалку. Волфсбург остана на 20 бодови и моментално е на 12-то место, но го загрозуваат четири екипи со по два или три бода помалку до 16-та позиција на табелата.