Берлинската полиција објави во средата вечерта дека притворила 365 лица кои учествувале на протестите против мерките воведени од германските власти за зауздување на епидемијата на коронавируот, а дел од нив бил набрзо биле пуштени.
Полицијата, исто така, извести дека на протестите биле повредени десет полицајци. Меѓу нив и полицајка којашто добила удат во главата откако го симнала шлемот, соошти полицискиот портпарол . Полицајката е пренесена во болница, додека на друг нејзини колега му било исчашено рамето.
За обезбедувањето на протестите во Берлин биле ангажирани околу 2.400 полицајци, а на улиците излегел околу 7.000 демонстранти, според процените на полицијата. Тие се собраа околу зградата на парламентот односно историскиот Рајхстаг, Бранденбуршката пора и Обелискот на победата во паркот Тиергартен.
Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Повеќето од нив носеле маски, известуваат медиумите. До вечерта се повлекле повеќето демонстранти и на улиците останале неколку раштркани групи кои се под контрола на полицијата, истакнал портпаролот на берлинската полиција.
Горниот и долниот дом на германскот парламент претходно во средата расправаа за реформи на законот за заштита од пандемијата кој ги дефинира мерките коишто владата може да ги донесе притив ширењето на заразата. Поголемиот дел од рефорите се однесѕува на регулацијата на работењето и на образовниот систем во текот на траењето на мерките.
За да се спречат настани како оние во август кога демонстрантите, меѓу кои имаше и припадници на екстремни групи, се обидоа да влезат во зградата на парламентот, полицијата огради широк простор пред Бундестагот и канцеларијата на канцеларите.
Германските пратеници со мнозинство гласови ја поддржаа измената на законот кој ги зајакнува овластувањата на владата и коа сега може со извршна уредба да носи мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Мерките донесени со извршенна уредба ќе се ограничат на најмногу четири седмици, но таа ставка е подложна на продолжувања. Измените на законот која ги предложи коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел ги поддржаа 415 пратеници, 236 беа против, а осум беа воздржани.
Германската влада се надева дека со овие измени ќе ги заштити мерките против коронавирусот, како што се затворање на претпријатијата, ограничувањата на собирите и носењето маски од оспорувањата пред судовите. Имено, поднесени се стотици тужби ширум земјата. Во текот на дискусиите, министерот за здравство, Јенс Шпан, го бранеше владиниот одговор на пандемијата и апелираше на доверба од страна на јавноста.
Амандманите, исто така, ги прифати и Бундесратот, горниот дом на парламентот, и ги потпиша претседателот на државата Франк Валтер Штајнмаер. Тие ќе стапат на сила со објавувањето на Сојузниот службен весник.