Бизнисменот Хендерсон 18 месеци во затвор за смртта на аргентинскиот фудбалер Сала

Британскиот бизнисмен Дејвид Хендерсон е осуден во петокот на 18 месеци затворска казна поради смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Дejвид Иботсон.

Хендерсон го организирал трагичниот лет, а претходно е прогласен виновен бидејќи не ги „испочитувал безбедносните протоколи“.

Несреќата се одигра на 21-ви јануаро 2019 година кога малиот авион се урна во канлаот Ламанш. Телото на 28-годишниот фудбалер беше пронајдено речиси два месеца по несречата, додека телото на 59-годишниот полот сѐ уште не е пронајдено.

По двоседмичното сослушување и седумте часови заседавање, пороатата на судот во Кардиф ја донесе споменатата казна и воедно е потврдено дека Хендерсон бил „многу невнимателен и безобзирен“ и дека „пред безбедноста на патникот ја ставил својата работа“. Хендерсон е прогласен виновен и затоа што загинатиот пилот и претходно за него вршел летови без да има важечка комерцијална пилотска лиценца, а не бил ниту квалификуван за управување со авион во ноќни услови кога се случи нестраката пред две години.

Сала непосредно пред несреќата претстојувал во Кардиф за кој потпишал професионален договор во износ од 15 милиони фунти и во велшкиот клуб, кој во меѓувреме го загуби премиерлигашкииот статус требаше да ја продолжи кариерата по играњето во францускиот прволигаш Нант.