Богоевски: Власта има сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, особено во случаите со висока корупција

Поранешниот пратеник на владејачката коалиција предводена од СДСМ, Павле Богоевски, се надева дека поранешниот генерален секретар а сега специјален советник во Владата на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски што поскоро ќе се врати до наводниот семеен годишен одмор од Мекскико за да се разреши скандалот за набавката на софтверот кој Министерството за внатрешни работи ниту го добил, мути го користи иако е платен.

„Очигледно е дека по другите случаи имаме сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, поготово во случаите со висока корупција. Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив за органите на правдата. И мислам дека ова ќе биде уште еден многу добар тест за нашите институции“, рече Богоевски.

Поранешниот пратеник кој се повлече по објавување на инкриминирачка снимка, додаде дека треба „многу внимателно“ да се следат институциите како ќе постапат во односот на високопрофилираната корупција, како и со колкава темелност и ефикасност тие ќе ја водат целата постапка.