Бока Јуниорс го сака Златан Ибрахимовиќ

Во Аргентина се сигурни: Бока Јуниорс го сака Златан Ибрахимовиќ.

Според Луис Фрегоси, аргентински новинар, напаѓачот на Лос Анџелес Галакси го известил менаџерот Мино Рајола за неговата желба да игра за легендарниот аргентински клуб заедно со Де Роси.

Шведскиот фудбалер блеска оваа сезона, со 27 голови и 5 асистенции на 26 одиграни натпревари.