Очигледно, врската помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит никогаш не била подобра, јавуваат странските медиуми.
– Работите меѓу Бред и Анџелина се подобри отколку што беа порано, изјавил извор за „UsWeekly“.
– Тие се посрдечни, изолацијата, како и на сите, влијаеше и врз нив – рече изворот.
Двајцата имаат шест деца заедно, а поранешните љубовници имаат нов договор. Актерот може да ги гледа помалите деца на секои неколку дена. Тие живеат само 10 минути растојание во Лос Фелиз, па затоа се многу блиски.
Џоли е воодушевена и од трезвеноста на Пит, откако престанал да пие по нивниот развод. Двајцата се запознале во 2005 година кога снимија заеднички филм, а од тогаш решија да основаат семејство и да имаат шест деца.
Бред Пит и Анџелина Џоли имаа многу контроверзен развод по шокантниот распад во 2016 година, кој ги испрати двајцата во конфликт.
Медиумите пишуваа пред неколку дена дека актерката Алиа Шокет се почести се гледа како излегува од домот на Бред.