Велика Британија потпишала договор за набавка на 60 милиони дози на можната вакцина за Covid-19 која ја развиваат компаниите „Sanofi“ и „GlaxoSmithKline“, и ова е четвртиот ваков аранжман на британската влада.
Досега не е одобрена ниедна вакцина за Covd-19, респираторната болест која ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2, кој усмрти повеќе од 659.000 луѓе во светот и ги опустоши економиите во светот.
Какошто пренесува Reuters, финансиските точки од договорот кој британската влада го потпишала со двете споменати фармацевтски компании не се објавени. Од „Sanofi“ и „GlaxoSmithKline“ (GSK) соопштиле дека доколку клиничките резултати бидат позитивни, се очекува одобрение од регулативното тело за нивната вакцина во првата половина од 2021 година.
Станува збор за првиот договор на двете компании за испораки на експерименталната вакцина за Covid-19 на некоја земја. Британските министри, притоа, ја истакнуваат важноста навремено да се обезбедат резерви од повеќе разни кандидати за ефикасна вакцина, иако, потврдуваат дека „нема никакви гаранции“.
Британија минатата седмица обезбеди 30 милиони дози од експерименталната вакцина на фармацевтските компании „BioNTech“ и „Pfizer“, и постигна начелен договор за 60 милиони дози од вакцината што ја развива „Valneva“, со можност за набавка на дополнителни 40 милиони дози, доколку вакцините се покажат сигурни за употреба, ефикасни и соодветни.
Овие договор следеа по претходно најавениот со компанијата „AstraZeneca“ за производство на 100 милиони дози од потенцијалната вакција којашто се развива во партнерство со Универзитетот Оксфорд.
„Sanofi“ во вакцината го комбинира својот антиген S-проени Covid-19, кој се темели на технологијата не рекомбинантна DNK и иновативната технологија на „GlaxoSmithKline“ којашто вклучува примена на супстанции за јакнење на имунолошкиот систем.
Од „Sanofi“ и „GlaxoSmithKline“ потврдија дека се во преговори со Европската унија, Италија и Франција, за испораки на 300 милиони дози од потенцијалната вакцина.