Британската полиција објави во петокот дека во Лондон растурила свадбена прослава со речиси 400 гости, организирана и покрај забраната за собирања поголем број лица поради забрзаното ширење на заразата со коронавирусот во земјата.
Според строгите мерки воведен од почетокот на годината поради појавата на новиот сој на коронавирусот кој е многу позаразен, свадбите може да се одржуваат само во „исклучителни околности“ и дозволено е на нив присуство на само шест лица.
Меѓутоа, полицајците затекнала стотици лица во училиште во Стемфорд Хил, во северен Лондон. Прозорците притоа биле покриени за да не може да се види што се случува внатре, се додава во соопштението.
На организаторот му се заканува казна од 10.000 фунти.
Бројот на заразените со коронавирусот во Велика Британија остро се зголеми од крајот на минатата година по појавата на новиот сој на коронавирусот, поради што беше воведен карантин, а постојат и строги прописи за одржување на венчавките.
Дневниот број на новозаразените падна од речиси 70.000 колку што изнесуваше на 8-ми јануари на малку помалку од 40.000 последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги почитуваат прописите па вирусот и натаму се шири.
Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател предупреди во четвртокот дека за кршењето на прописите се закануваат казни и наави воведување нова глоба од 800 фунти за учество на домаши забави.