Британските научници ја потврдија високата стапка на ширење на новиот тип коронавирус

Новиот тип на коронавирусот SARS-CoV-2 откриен во Велика Британија се шири побрзо и бара уште поголема претпазливост од населението, изјави главниот лекар на Англија, професорот Крис Вити.

„Со брзото ширење на новиот вид на виросот, засновано на прелиминарните проекции и острото зголемува на инфекциите во југоисточна Англија, советодавниот комитет за респораторните и новите вирусни закани, смета дека новиот вид вирус може да шири со побрзо темпо“, се наведува во изјавата на Вити.

„Ја предупредивме Светската здравствена организација и продолжуваме со анализита на допстапните податоци за да го подобриме нашето разбирање на ситуацијата. Сѐ уште нема докази дека новиот тип на вирусот предизвикува поголема смртност или дека влијае врз вакцините или лекувањето, но во тек е итно истражување за потврда на тоа“, истакнува главниот лекар на Англија.

Вити предупредува дека имајќи го предвид новите сознанија, поважно од кога и да е досега во текот на пандемијата населението да се придржува до мерките во местата на живеење за да го намали ширењето на вирусот.

Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата попладнето одржува седмица на својот кабинет по кој заедно со Вити ќе одржат прес-конференција. Според британските медиуми, веројатно ќе објави заострување на рестриктивните мерки во текот на божикните празници, како и евентуално откажување на планираното попуштање на мерките во периодот од 23-ти до 27-ми декември.

На почетокот од декември британската влада воведе систем за примена на рестриктивните мерки на три новоа, со што се избегнува воведувањето на „затворање“ на целата земја. Џонсон најави дека ќе ги олабави мерките од 23-ти до 27-ми декември, период во кој поради празниците ќе биде овозможено собирање на пошироките семејства, и слободното движење во земјата. Сепак, при зголемување на случаите на коронаинфекции, во прв ред во Лондон, властите на британската престолнина, како и двата влијателни медицински магазини и бројни претставници на научниците и медицинските кругови ја повикаа владата да го откаже олеснувањето на ограничувањата за да се избегне појавата на нови жаришта на Covid-19.