Бројчаникот на Заев: 1136 починати, 40.000 без работа и над 2 милијарди евра долг

Зад мене е брочјанико назае, оној кој го ветуваше, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„39.760 активни случаи на Ковид и 1136 пчинати. Тоа е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со пандемијата. Бројчаникот којшто го вети Заев изгледа вака. Ова се бројки којшто ја покажуваат реалната слика, со којашто сите ние се соочуваме.
Имаме две милијарди евра долг, над 60 проценти од БДП, имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за европската интеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев“, посочи Стоилковски.